Германската песна која ќе ја покори Европа

После Лили Марлен ова е најголемиот музички предизвик на германски јазик со кој се соочува стариот континент. Дамен унд херен, ви го претставуваме пејачкиот биљбиљ аус Мацедониен, Васил Атанасов и неговиот убер хит "Wer hat uns getrennt"! Ако Дејвид Хаселхоф помогна да се сруши Берлинскиот ѕид, ова ќе помогне тој повторно да се дигне. 

Хакери (х)акнати во глава

Колку треба да си без работа и без идеја па своето компјутерско познавање да го искористиш за да хакнеш сајт на средно училиште?