Никој вака го нема поразено Додик

Не само за Додик, туку и за сите други ајвани кои трабуњаат како некои земји ги нема или како се неодржливи, лекција им држи глумчиштето Јосип Пејаковиќ. И со песна, нормално. 

Како ќе звучеше ако Отпишаните изгубеа од Швабите?

Лабаво, нема тука големи геостратегии. Само двајца прекрасни црепови (Дер Божо и Иван) ја пеат популарната српска свадбарска песна „Данас мајко жениш свога сина“. На германски. Па нема боље!

Кога младиот Бојко хранеше тела

Пар снимки од бугарскиот премиер и неговата прва професионална љубов, како телохранител на Тодор Живков и бугарскиот цар. Снимките изгледаат како да гледате свадба на Цеца од 91-ва.