Добра и лоша вест во едно: Ним им е веќе јасно

Група клинци од некое македонско село се зезаат на тема ветувања деконструирајќи ја целата таа предизборна драма. И супер прецизно ги идентификуваат, небаре пола век ги слушале. Ете какви детски спомени ќе си носат со себе идните гласачи во Македонија.

Разбирачката е од ќотекот излезена

Сè што разбравме од клипов е „мајмун“, и дека овој во сакото е јак на вилица, како за зборување, така и за примање директи. Инаку двајцата се пратеници во косовскиот парламент и веќе не е ни битно за што збореле.