Многу се моќни, моравме да попуш(т)име

Мал избор од фаци пред кои едноставно бевме принудени да капитулиравме. Страшна е тоа сила. Ама барем сега и ние ќе можеме да бидеме убави, софистицирани и напредни како нив. 

Добро, што не е јасно тука?

Замислете кога грчките преговарачи се закануваат дека ќе ги вратат преговорите на почетна фаза па повторно ќе отвораат прашања за иредентизам и сè друго, овие нашиве да го испечатат ова и да им кажат: „Ок, одиме тогаш по ред“. Не можете да замислите? Ни ние.

Кога беше јагма за македонски пасош

Погледнете една автентична „деновиве пред години“ сцена од пред македонското МВР,  кога само што почнуваа да делат компјутерски бројчиња за пасоши. Непоправливите оптимисти ќе се израдуваат затоа што вакви јадни сцени веќе нема таму. Ние другите знаеме зошто е тоа така.

Не сакав децата да ми растат во слепа и националистичка земја

Им дале транспарентни и морале да викаат: "Европо, подалеку рацете од Македонија, Македонија е Грчка..." Син ми немаше поим каде е и што е Македонија, беше премлад.