Slumdog Police

Началството на МВР решило да ни понуди 5 и нешто минутен промотивен материјал во кој ќе открие што сè направиле изминатово време. Спојлер алерт: Примале донации. Ако ви кажеме дека рекламите на Зона ФМ, Шутел, БТР имаат подобра продукција од ова, нема да ни верувате. Од гласот на нараторoт кој звучи како за рецепт за Васина торта, до суптилни нијансирања на текстот, од типот „Набавени 30 видео камери....набавени 4 видео камери“. Језиво реално.

Во Муртино никогаш не било лесно

Исповед на еден напатен Горан од наведеното струмичко село кој вика: „Не знаеме од дек да фанеме... дек да се оде... никој не знае кој, шо, ка, де!“ Како дек бе другарче, тргнувај за Скопје. Ама бидејќи е ова едно прастаро видео, веруваме дека во меѓувреме и Гоки се снашол.