А лудиот го заболе

Името па името. Вака, ако си имам мака со моето име, ако нешто не ми е по волја, ќе идам до кај што треба и ќе го сменам. На пример, ќе одам по ходници и канцеларии, и по некое време ќе ме пишат во лична карта, место Тихомир Јанчовски - Лутомир Џонс. Тоа, да. Може. ако јас сакам.

Имате поздрав од Антигва

Ја имам среќата скоро недела дена да терам одмор на рајскиот остров Антигва. Вчера, одејќи на плажа, ми приоѓа една жена за да ми понуди некои екскурзии на островот или на море и ме праша од каде сум.