Ловечки приказни од Бојко Борисов

Христо Стоичков некогаш играл голф на истиот терен на кој бил и Доналд Трамп. Отишол и му се претставил кој е а Трамп како од пушка го прашал: Бојко што прави? Потоа два ипол часа седеле покрај камин во Белата куќа (Трамп и Бојко) и бистреле политика. А кога се виделе следниот пат, Бојко го прашал, ти текнува ли бе Трамп што ти кажував за Украина? Ете со какви си имаме проблеми.

Вицовите за глупи полицајци се родово инклузивни

Славонскиот беќарац (во суштина ерген, весељак, алкос) е музички израз на една хумористична рурална инфантилност, со ласцивни текстови полни со сексуални алузии. Како таков, заштитен е од УНЕСКО како нематеријално културно наследство. Ама, полицајка на должност слушнала еден безобразен стих и поднела пријава - се осеќала навредено и понижено.

Како Сава ги победи кикиндските лицимури

Сава од Кикинда дошол до оној момент до кој дојде и Мајкл Даглас (како Вилијм Фостер) во легендарниот филм за пукање на филмот „Falling Down“. Но наместо да тргне во одмазнички поход и да фати да тамани душмани, Сава смислил генијален план. Откако ниедна служба не дошла да му помогне со поплавената бавча, напишал „проштално писмо“ дека се фрлил во септичката јама. А потоа се скрил на таван и гледл сеир. Победа!

Кој е за малку џез?

Ако не за отворање, тогаш оваа џез химна треба секоја година да служи за затворање на Скопски џез фестивал, чисто заради меко транзитирање назад кон овоземните синкопи, битови и импровизации. Ако не сте убедени, песната се вика „Прасетина.“