Чистење речно корито на Балканот

Една драгоцена видео снимка за тоа како дури и кога е нешто полно, балканскиот гениј може да смисли начин да претура од шупливо во празно.

Едно комбе, илјада благодарници

Во функционална држава нема ни да се приметиш неправилно паркирано возило бидејќи надлежните веќе го виделе и го решиле и пред тебе. Во полу-функционална држава треба да пријавиш за тој проблем да се реши. Третата фаза е Македонија. За тоа што некое возило е отстрането, тука лично им се заблагодаруваш на премиерот и градоначалниците.

Брак на невидено

Некој пишал, на мајка ми полесно ќе ѝ објаснам ако ме фати да гледам порно отколку да ѝ објаснам зошто го гледам ова. Немате идеја колку е тоа точно.

Евровизиски гатања 2019-та

Во најамбициозното и најхраброто од досегашните предвидувања на исходот на Евровизија ги имаме првите три места во крајниот исход, и еден голем бонус заради кој моравме исходот денес да го објавиме а не да чекаме до петок.