Го прашуваат Џеј што би му рекол на својот омилен внук ако некој ден би му дошол и би му кажал дека се дрогира. Не го знаеме омилениот внук, ама малиот треба да е среќен каква водилка има во животот.
Од неодамна во Сараево им зачукаа казни (250 евра) за неносење маска на отворено. Од обврската се ослободени само спортисти кои тренираат. Така ли? ОK, дисциплината која овој спортист ја тренира е „трчање покрај цајкани на ултракратки патеки со зембиљ во рака“.
Македонско-јапонското пијано дуо Асами Сате и Ема Попивода добиваат награда од градот Токио на конкурс на кој учествувале 20.000 проекти. Омаж на македонскиот фолк и на човекот кој ги поврзува Скопје и Токио, Кензо Танге.
Нашиот Прометеј одамна е познат по своите враголии и вратоломии, особено во параглајдингот. Но, тоа не е сè. Пред 6 години, значи на 62 години, почнува да вози точак. Денес, на 68 години, Менде и неговиот BMX се сакаат вака.