Окупација, администрација, присуство

Којзнае зошто и во кој контекст го правеле ова, но нам ни личи на бугарска показна вежба како овде кај нас ќе се снимаат историски филмови (ако не им доакаме на квислинзите што идиотски брусат шахти и бесрамно бришат споменици). Добра идеја на Бугариве, штета што немаат панчлајн.

Бугарите можат да бидат одлични, кога има кој да ги води

А овојпат ги води, непогрешливо и со сите орудија при рака, бравурозниот махер Стевче Стојковски. Пиринско оро на бугарска телевизија, срча.

Кој сè ќе биде стрелан?

Не паничете, не е од Апасиев. Човештвото е во војна, а во војна предавници не се толерираат. „Секој што во кокошарник ќе влезе без маска, ќе биде фрлен на лавови. А лавовите ќе бидат стрелани!“ 

Сè им беше на време кажано

Пред потпишувањето на оној шабански договор за пријателство со Бугарија, луѓе им кажуваа да не наседнуваат бидејќи тој содржи стапици со кои на долг рок ќе нè играат како им се сака. Зелките сепак се залетаа, само за нивните мињони и лигуши да ги тапшаат по рамо и да ги викаат визионери.

Браќа, а да ве почастиме ние со една песна?

Ни дојде некој порив со песна да придонесеме кон позитивниот дух кој го шират Каракачанов, Борисов и другите. Сакавме да го направиме тоа со партизанската Бандиера роса, но бидејќи таа на бугарски тешко се намира, ќе ги поздравиме со една друга песна. Стварно е убава а тие па ја имаат пеено во право време.