Реченица на брзи води

Со билијарски речник, ова е мавање топче преку три спунта. Со нутриционистички речник - турлитава. Со нобеловски речник „квантин скок со прелапнување на големиот заб“ (потсетник)

Две видеа за дишните патишта на скопјани

Не ни е проблем кога средно Водно ќе го видиме полно со коли, секогаш такво сме го гледале. Проблем ни е кога некој се курчи дека го средил проблемот.

Две пораки од Вело Марковски и Никола Пановски

Марковски: Ми накалемија четири дела за кои генерално првин ме притворија а потоа бараа докази. Пановски: Ако децата ви собирале убави камчиња на плажа, стевете ги во ќуп и закопајте го за подобри времиња.

Може сите ќе бидеме вакви после вакцината?

Кога вчера ја објавувавме Симонида, стрепевме дека си ја бараме бељата и непотребно го повикуваме ѓаолот и дека заради тоа, таа нема да биде последното мултимедијално зло од 2020-та. Загриженоста се покажа и повеќе од оправдана.