Градоначалничка на Арачиново и љубител на ученичка

Нека биде ова мало охрабрување до Миликије Халими да продолжи да работи на себе и на своето образовно усовршување во кое имаат учествувано и силни амбасади, усаиди и големи војводства. Оти, уште бааги работа има тука. „Откако ја отворивме аптеката во селото Арачиново, и јас успеав неколку години, сè до мојот политички ангажман,“ стои на нејзината официјална биографија на сајтот на општината.

Македонски од 17-от век

Од книгата на Хиеронимус Мегистер од 1603 година, во која има цитати од Библијата на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Не дека е тоа нашиот денешен македонски јазик, ама па како оние комшиски пицајзли не разбираат дека и сме биле башка и дека ќе останеме башка?

Жената на рибарот

Сопруга на пасиониран риболовец го снима својот маж и го коментира неговиот бестрашен обид да најде подобра пол позиција во надојдената река. Започнува со едно саркастично „ма браво“, завршува со едно сочно „сунце ти јебем!“

Имуномен

За да го засили нивото на вакцинација, Србија реши да дава пари, односно вредносни ваучери за оние кои ќе решат да се вакцинираат. За познавачите на човечките менталитети, беше само прашање на ден кога ќе се појави некој ваков.