Ни северна не ѝ помага на Македонија

Зборуваат за нас, за Македонија. Водителката инсистира  овие пратеници и гости во емисијата да ја именуваат земјата за која зборуваат, ама, ќе чуете и сами колку пати се спомнува било каква Македонија. Николку, согласно стратегијата на владата на Мицотакис, наместо Скопје, сега да не нарекуваат „соседната земја.“ Пресреќни сме, нели, баш ни се патуфка накај Паралија....

3 X 35 = 105 тајмс ли ќе се лажеме дека сме на прагот?

Настрана неговиот трти- прти англиски, пазете колку всушност му е јасно дека никогаш нема да влеземе таму и колку му е битно само да добиеме некаков датум, за да има тој со што да излегува на избори.

Кога расположението ќе стивне

Се чини дека на ова кафанско друштво во мешан, машко-женски состав, никој и ништо не може да им го расипе расположението, сè додека не влегува таа, за со својот сугестивен молк убедливо не завладее со просторот. Од промената кај најраположениот (му отиде држењето ритам во фејд-аут), јасно ви е во каква релација се тие двајца. Толку јака сцена, што неколкупати ја гледавме и во ВАР.

„Одозгора на тога“ и други заевизми

Начучулте ги ушите, ништо од следново не е кажано закукулено, замумулено. Знаете ли дека „го пробивме звучниот ѕид на сите времиња“? И дека „иднината веќе не ни е судбина“? ЦИА ма, што сме ти згрешиле?!

Да го научиме на еден збор кој почнува на О

Ако треба да бараме заеднички точки, тогаш да почнеме од еден збор кој одамна го споделуваме и го има и во двата јазика. Само што искуството поврзано со тој збор ни е заедничко колку што силувањето е заеднички секс кој го споделиле силувачот и силуваниот.

Куме бе, што направи

Крајно ретко објавуваме вакви трауматични видеа, меѓутоа некогаш мора и нив да ги имаме чисто да стојат како предупредување за трагедиите што може да ги донесе животот.