Љубовните битки на Преле

Душан Прелевиќ Преле (почина во 2007-ма) беше белградска легенда, српски рокер, југословенски Џо Кокер. Првенствено - алкос. Негово „излагање“ на темата која ја познаваше подобро од сè друго. „Алкохолот е сериозен проблем, но страшно е што јас него го сакам. А во љубовта знаете како е...“

Прашање за баба

Една од најјаките реплики од југословенските филмови, од филмот„Чудо невидено“ (1984) на Живко Николиќ во кој глуми нестварно убавата Савина Гершак. Другпат за неа. Конкретнава сцена не е со Савина, туку со легендарниот Петар Божовиќ.

Ќенефите на МНР

Македонскиот дипломатски синдикат пред некое време се пожали дека со месеци немаат сапун за раце во ВЦ-ата на МНР. Веќе утредента бил набавен сапун но некој таму очигледно мисли дека со тоа ја завршил својата задача околу хигиената. Чекајте да видите какви им се вецеата и во каков бангладешки стандард функционира македонската дипломатија.

 

Ајде една српска, свадбарска

Вучиќ изгледа решил да го откажува или одложува Европрајдот закажан за 17 -ти септември, иако претходно му даваше поддршка. Штета, Србија баш е спремна и навежбана за една ваква дешавка. Ах, како слатко можеше тоа да изгледа.