УПАД

2004 година. Вранишковски прави собир во Нижеполе, му доаѓаат колеги од Грција и Бугарија, цела македонска јавност се крева на нозе. „Утре или задутре тие истите пак ќе се смират, ќе се целуваат во рака и заеднички ќе си ги мрсат брадите. Мука ми е што ни ги трошат животите на вакви срања,“ пишува авторот.

Стефане Дечев, капа долу

Стефан Дечев е бугарски историчар, еден од ретките гласови таму кои отворено велат дека е комплетно лудило она што ни го прават, да ни кажуваат кои сме и што сме. И како идентитет и како јазик и како и сè по што се полакомија откако видоа како им се подадовме на Грците. Пред некој ден на својот Фејсбук, Дечев ќе го напише ова.

Темелко е сè што треба да знаете за Македонија

Темелко Ристески е професор доктор, човек во години. Што прави еден интелектуален угледник во зрелите години на својата кариера? Поднесува рапорти што сработил за партија. Пишувал на Фејсбук, објавувал агитациони текстови, дури и телефонски се јавувал кај што треба.

Гаучо: Здивот на тангото

Васе К-15 продолжува во најјакиот облик на Тошо Малерот, со антрополошко-социолошки анализи во народот познати како скечеви. Kои почнуваат со зборот „батка“. Во епизодата „Гаучо“ се занимава со потеклото на аргентинското танго и клучното прашање, како се дошло до оној момент да се стави ружа во уста.

Фала Богу што сум атеист

Најавуваме мини серијал колумни од времето кога МПЦ и владиката Јован беа архи-непријатели, таа горда на својата непризната автокефалност, тој горд на својата призната автономија. Време кога Вранишковски не само што консензуално се сметаше за одметнат туку почна да бива апсен за сенешто. Тоа некому беше богоугодно во тоа време...