Гласов да се јави на рецепција

Реклама за некакви филтри за кола. На визуелно ниво ништо спорно, очигледно профи странска продукција. Но треба да го чуете она што е македонско во неа, а тоа е гласот кој ја чита рекламната порака. Сè, ама сè е погрешно. Акцентот, дикцијата, иритантниот глас. Како вонбрачно дете на Сири и македонизиран ЛГБТ Сириец. Двапати преслушавме, се испонапнавме.

На бугарски ОМВ

Моторџија доаѓа на бензиска пумпа но веднаш сфаќа дека со самото дигање на пиштолот (бугарски: пистолета), бројачникот веќе му отчукал извесна сума. На пумпаџијата му е јасно дека има некој проблем ама па доаѓа продавачката од внатре и вика: Ас ли да ги плаштам? Гледате, во Европа знае да биде исто како кај нас.

Треба рингтон?

Препорака: Кога некој ви ѕвони на телефон, да не го прекинувате рингтонот сè додека на помине делот: "и на наш'те деца, куче, иднинатааа...."

Струмјанизми

Мал избор дестилирани мудрости од збирката „Нечии зборови копаат гробови“ на Илија Илиев Струмјан. Блогер, афористичар, текстописец и сценарист, човек кој сака да претура по мислите, да игра со јазикот и да си ја слуша душата.