Сите наши петкаши

Индикативни резултати од приемен испит во една скопска гимназија. Во „Орце Николов“ во Скопје се одржа квалификациски испит за упис во прва година затоа што имало пријавени 50-тина кандидати повеќе од слободните места, а сите биле со континуиран одличен успех од 6. до 9. одделение.

Музика за фајронт

Апологетите пробуваат да нè убедат дека ова се добри договори а изродите на власт се спремни да потпишат и потпишуваат. Етноцид. За "наше добро". Во 21 век.

ЕУ ќе притиска кајшто е најтенко и нема отпор - а тоа сме ние

Македонската дипломатија молчи и чека како јагне за колење пред Велигден или Бајрам. На најсилно се пуштени познатите релативизатори од типот на екперти, уредници, новинари, ботови, сеачи на магла, дежурни бранители на ликот и делото на СДСМ и ДУИ.

Пратеник, како гладно тоа звучи!

Таа напред што зборува бадијала ќе ја слушате. И на забавено да пуштите, нема да разберете ништо. Но, главната дешавка и онака се случува позади, во втор план. Пазете го ликот кој претседава со собраниската комисија. Лагано наведнување, враќање во првобитна позиција со полна уста, џвакање кое пробува да изгледа дискретно. Бутај брату, немој шеќер да ми ти паднал!

Германија

Не е сè така розово ни кога си во дијаспора. Дури и кога си сигурен дека ги имаш сите потребни елементи да пратиш видео за да им правиш лиги на другарите кои останале дома. Еден коментар вика: "Целиот живот им помина пред очи." Баш.

Скопје во очите на странски турист

Како што нам во странство ни паѓа во очи колку е чисто и средено, бидејќи тоа ни фали дома, така странци забележуваат колку е ова овде лудо и нелогично, бидејќи па тоа им фали ним дома. И да, им се свиѓа.