Обвинителски КП дом

„Да се воздржиш од несоодветни написи на Фејсбук!“, започнува ова превоспитување на еден непослушен македонски обвинител, искажано со глас кој потсетува на гласот на шефицата на битолското вишо обвинителство. Педагошката лекција завршува со поука за предвремено губење на косата. Ќе ги тераат ли и да клечат на кршени ореви?

Анти-напнат виртуоз од Охрид

Дечкото не само што непогрешливо ги следи U2 на синтизајзер, туку и - сигурен во својата изведба - има доволно одважност да прошета по дома, да отвори тетратка, да пушти телевизор, притоа не пропуштајќи ни една нота од песната. Кога те бива, сè се стигнува.