Зошто молчат ресенчани?

Браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!

Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив, ме запече грло и очи. Не, драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум.

Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата!

Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема - смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога.

Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања - на што гориво работи фабриката? Или поточно - што се гори во неа?

Ресенчани и Преспанци - зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам - ве молам упатете ме, да се придружиме сите!

Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат???

И последно прашање - браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?

Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!!

(А ко се пакував во Скопје за навака - го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!!

Тања Царовска

3 август 2023 - 08:48