Констракта на ромска свадба

Чујте ја ви оваа постмодернистичка делиција. Српскиот евровизиски адут, Ин корпоре сано, за сваќи, сватови и торта сечење! Права уметност знае да предизвика вакви омажи. Ако не сте расположени, само кажете си дека не постои работа која овде нема да ја просељат.

Сè што треба да знаете за реалните шоуа

Мики Ѓуричиќ е ветеран во српските реални шоуа, од првиот нивен Биг брадер па до останатите Фарми, Задруги и слични пребивалишта на битанги, дрољи и сличен полусвет. Мики прозборува не само за учесниците во таквите шоуа туку за единственото нешто што е побетер од нив, оние што ги гледаат. 

Оној Вучиќ е ненадјебив

Пак им излезе од фрижидер, што е своевидно маркетинг аикидо, техника на користење на силата на противникот за своја победа. Им ја одзема финтата со која најчесто го ругаа (дека е офтика и дека нема усул за појавување во медиуми) и сега со што да го пукаат? Но, не е само тоа. Тек песна една за него да чуете. 

Антифризер на денот

Постојат 9 страници несакани дејства од вакцината на Фајзер и илјадници страници документи за тоа што компанијата знаела ама нејќела да се знае за нивниот производ од кој годинава очекуваат преку 50 милијарди долари. Ништо од тоа не е битно за овој чичко кој измамата ја сведе на турање обичен антифриз. Логика да се смрзне човек, ама па, како да се смрзне ако е вакциниран со антифриз?

Србија има свој Коперфилд

Политичар кој малку од малку држи до својот образ, на гласачите би им порачал дека дури и да победи, треба да знаат дека тој нема волшебно стапче за веднаш да ги реши работите. Кој бе нема? Бошко Обрадовиќ, Двери, Србија.