Од магдонос до Петар

Што е врската помеѓу Александар Македонски, магдонос, целер и сите кои се викаат Петар? Долг е тој пат и завршува секаде каде што има по некој Петар, Петрос, Пјер... но тој пат започнува од овде, од Македонија.

Волкот полни пиперки

Најсилниот Македонец на светот,  австралискиот ММА борец чиј татко е од битолско Беранци, Александар Волкановски (Волк, Александар Македонски, Хулк) го запознава светот со македонската кујна. Прави полнети пиперки, плус салата, плус димени колбаси (кои братучед му симпатично ги завика кабаноси). Сосема зналачки ги спреми бабурите па некаде на крај рокнаа и една јака, свадбарска.

Која песна е репрезентативна за секоја европска земја?

Во 11 парчиња на ТикТок, дечко накратко сумира кои песни се популарни во разни држави во Европа. За Хрватска тоа е Цесарица, за Франција La Vie en Rose, Италија ја има Volare, ние сме претставени со Proud на Тамара, на Косово и Албанија царува Дуа Липа а Австрија, се разбира, го има Моцарт. Но, чекајте, и Бугарите имаат што да (по)кажат.

Србија пука по сите шевови

Амбасадорот на Србија во Варшава ги предал акредативите на претседателот на Литванија, Гитанасу Науди. На средбата се разговарало за билатералните односи а присутните фотографии се пазеле да не им настрада објективот, бидејќи амбасадорот се има напикано во сакоенце од матурска. Како и на други политичари, сè му е тоа од нервози и стрес.

Поштарот ич не ѕвони

Кога Јуксел ни носеше пошта, само кратко ќе заѕвонеше на врата, сигнализирајќи дека нешто оставил. Откако долго го немавме слушнато ѕвончето на „сец“, почна да нè јаде јанѕа. После два месеца и ниту една добиена пратка, одлучивме да се обратиме во главната пошта за нашиот реон.

Уметничко кукање по коската

Ги немаше за промена на историја, јазик, идентитет, за загадување, за корупцијата во општеството, за помош на болни, за сите неправди кои се случуваат. Сега само ќе покукаат неколку дена оти системот во кој се соучесници не им фрлил доволна голема коска. И то шо го добивате многу ви е.