Газа, од Новаци до Витолиште

Појасот Газа во ист размер на картата од Македонија. Би зафатила само еден многу мал дел од Пелагонија, колку од Новаци до Витолиште. Инаку во појасот Газа живеат 2,048 мил. жители, повеќе отколку во цела Македонија (1,84 мил. жители). Густината на населението во Македонија е споредлива со густината во пустината Негев.

Појасот Газа во ист размер на картата од Македонија. Би зафатила само еден многу мал дел од Пелагонија, колку од Новаци до Витолиште. Инаку во појасот Газа живеат 2,048 мил. жители, повеќе отколку во цела Македонија (1,84 мил. жители).

Во јужната половина од Израел пак, во пустината Негев, живеат само 650 илјади жители, односно 7% од неговата популација. Останатите 8,7 милиони жители живеат во централниот и северниот дел од земјата, што значи дека и Израел е густо населена земја.

Густината на населението во Македонија е споредлива со густината во пустината Негев.

Дејан Трајковски

20 октомври 2023 - 14:58