Пазете колку е глуп Бугаров

Уште кога УСТАТА на почеток ќе каже „Проба, проба“ вие кажете му „Во уста да ти го дроба, дроба“. После е полесно да се поднесе сета глупоштина која тој ќе ја изрецитира на најидиотската можна тема на која ваков лик може да се сети. Има ли бе таму некој што ги пердаши сопствените идиоти како што ние овде ги плескаме нашите?

Ѓурa ја опеа својата простата

Уште од Аудиција, Бомбај штампа и Топ листа надреалиста е јасно дека Бранко Ѓуриќ е раскошно талентиран дечко. Најубаво во сето тоа е што успеа да ја задржи онаа своја сараевска ведрина и хумор, без попат да почне да се сфаќа пресериозно, како што знаат годините така да намамат човек. Еве го со преработка на Just A Gigolo / I Ain't Got Nobody.