Ох, што тоа видовме...

Душмани ни пратија линк, ние наивно кликнавме и потоа веќе беше доцна да го „одвидиме“. Ве покануваме да ја направите истата грешка, облагородена со идеја во духот на пријателството меѓу Македонија и Бугарија кои се обврзаа да ја потикнуваат културната размена меѓу двете земји. Значи, да возвратиме со еден кавер на песната и спотот, со наш Маричиќ како главен лик?

Мустаќи? Зафатено

Прави народњаци никогаш не бегале од контроверзни теми, никогаш не се плашеле да го опејат своето гледање на работите и никогаш не се фалеле дека све нив најдобрите женски им се паѓаат. Сите овие три работи во еден едноставен рефрен кој можете да го сфатите како крик или како молба.

Хрватите добро ги познаваат Татарите

Прашање од квиз со Тарик: „Кој народ е наречен по татарскиот народ кој ги има покорено Словените, направено своја држава и потоа брзо се има словенизирано?“ Лесен въпрос, нели?

Црногорска одбрана на Русија

„Кога не знаете што да правите, вие воведувате санкции за Русија. Досега имате донесено 3.250 санкции. И само чекате Путин да умре, му правите рентген, му правите магнетна, викате, гледај го како куца, едната веѓа му се спуштена....“ Јакo забавни муабети во црногорскиот парламент.

Нормално, и Господ бил Бугар

Бугари направиле уште едно сочинение од нивните две најголеми способности: да прават глупа музика и да лупетаат за својата големина. Промо песна за бугарскиот туризам при што аргументите им се малку тенки па за Црното море ќе можат само да кажат „од бетон е целото, ама многу е добре“. Капа долу за Галена и Бургас 63.