Крушево, 2010 година

Многу нестварно изгледа сево ова, кај бевме, кај стигнавме. Ќе видите доста интересни фаци на оваа "туристичка револуција" во Крушево под пред самп 12 години. И не, не е најзабавно да ги замислуваш Маричиќ и Славјанка денес во комитски и народни носии како Миле и Гоца некогаш. Позабавно е кога првите двајца ги замислуваш како вторите двајца - денес.

Кога западна жена ќе го осети балканското недозволување

Сме рекле и пак ќе речеме, не е важно само да се земе дрога, важно е таа да се земе што е можно порано посабајле. А можеби и сонце го има удрено, кој ќе го знае. Ама, прејакa му е таа халуцинација за неодоливоста на балканските мажи. „Ќе дојдат овде (жените), ќе почувствуваат  недозволување и се враќаат среќни.“

Има ли жена што ќе одолее?

Носител на челично его и вајано тело, скромно наметнато со спидо купаќа со висок струк (може ли повеќе да се затегнат од ова?), лежерно се загрева на плажа, не му е гајле дали го гледаат и што мислат за него, тој е сам во својот машки универзум и замислените противници во него. Стварно, помаалски кретен од овој нема да видите денес.

Кондор во такси

Дечко влегува во такси и го прашува таксистот дали таксито му е пет-френдли. Овој му вика дека е, дека вози секакви видови животни. Одиме со рестото од заебот.

Црногорска термодинамика

Надлежните препорачуваат да не се прави голема разлика меѓу надворешната температура и температурата на просторијата во која се престојува. Црногорец во автомобил има мали проблеми со таа математика.