А за таблата со Северна, ем некој помисли, ем некој инвестирал, ем ја закачил, ама кога се работи за инвестирање во нешто што ќе го подобри квалитетот на живот за луѓето во Битола - е за тоа не се знае кој е одговорен, нема пари, итн.
Распаднатите бараки се наоѓаат пред Јени Амам, еден од неколкуте останати амами во Битола кој датира од 17ти или 18ти век и е во тотално распаѓање. Имало порано и прекрасни проекти за реставрирање на амамот и отворање на просторот пред него за мало плоштадче со рушење на ужасните бараки. Се надевам ако ги објавите фотографиите можеби ќе се зачне една дебата за ревитализирање на идеата за амамот и плоштадот, и за преместување на Бирото во простории со минимум услови.
Поздрав,
Марко