Вие што песна имате за вашата фамилија?

Да споделиме песна на една вечна рап тема: љубовта кон фабриката во која работиш. Се вика„КроШу фамилија“ при што „КроШу“ е Кромберг и Шуберт. Ја изведува Николче Наумовски  - Кишни (фер би било да се скрати во „НиНа“). Рапува на македонски и англиски, текстот е јако фамилијарен а видеото содржи и металец кој цепа соло. Ви текнува на легендарната за Охридска Банка/Сосиете Женерал? Е.   

Куманово, отвори очи

Пред Советот на општина Куманово доаѓа предлог за споменик на оние припадници на МВР кои во 2015-та година загинаа бранејќи ја државата од косовските калаш-туристи. Се спротивставија советници Албанци: те раните уште биле свежи (да, а?), те тоа не било тероризам бидејќи во други држави полицијата прво преговара со терористите (на кои филмови се растени овие луѓе?). Ама, да се само тие.... 

Шумадиски лајфкоуч

Истото ова, оние модерни лајфкоучи (една од непостоечките професии на денешнината) ќе ви го завиткаат во патетични термини како оној „да бидете најдобрата верзија од себе“, па ќе ви мудруваат за менаџирање на стресот, хендлање на позитивната енергија, избегнувањето токсични мисли и луѓе.... А генерално, целата тајна се состои од  - куроболие.

Македонија станува опасно место за живеење

Лани медицина дипломирале дури 879 студенти, а од тој број безмалку 600 во Тетово и Штип. Никаква реакција, камоли влегување на јавното обвинителство во факултетите и нивно запечатување додека не се расчисти оваа образовна измама на векот.