Нашите први пријатели, Британците

Збориме за држава која од уста не вади дека дава поддршка за Македонија, па интеграции, па разни помоши, па стипендии, па собири… како не бе. Први пријатели сме. Само дур си седиме дома, немој некој од нас да видат таму. Ама не се тие криви, им се може. Ние сме будали што трпиме ваква администрација од наша страна.

Како Африм куртули од мечката

Небитно дали е Гугл транслејт во прашање или се работи за обична мрза да се редактира нечија изјава и таа прописно да се спастри. Резултатот е вонсериски забавен, по можност да се чита на глас, во друштво.

Уште пар легенди за Цане

Интересен е тој факт дека многу големи рокенрол фаци од Југославија беа деца на воени офицери: Штулиќ, Бреговиќ, Борис Беле, Цане Партибрејкерс, Милан Младеновиќ.... Затоа, не верувајте многу во ефикасноста на строгото воспитување, да не ви порасне Цане по дома. Раскажува Бранко Росиќ, денес писател, некогаш член на бендот Урбана герила.  

На српски поп ако не му веруеш за астрономија, кому?

Една од полудите теории за обликот на Земјата и пошироко за вселената (која не постои). Директно од устата на еден од најповиканите авторитети на оваа тема: српски поп. Разбравме дека Земјата не е ни рамна ни тркалезна, туку е пола- пола. После кај тоа сводот малку се изгубивме.