Кој го дирал брат ми?

Запад учи за семејните вредности од Балканот: се играло баскет, некој залактал дечко кој е од Албанија, дошло до препирка и кошкање, младиот Албанец (15-16 години) им се заканил дека ќе се врати со фамилија. Саат време подоцна, доаѓаат два квадови, со по 4-5 Албанци во секој.  За полесно да го пресечат проблемот, носат моторни пили. 

Макенго, од Градежен

Не може да не ти текне на стереотипното „колку е светот мал“ кога ќе отидеш во Конго и таму ќе наидеш на човек кој перфектно го зборува макеоднскиот јазик. Господин Макенго има студирало Градежен во Скопје и којзнае од кога немаме видено човек кој на лицето има насмевка додека зборува за Македонија. 

Нашиот човек Блејз

Кога ќе ти стават име Блаже и си роден во Радовиш, можеш да помислиш дека судбината ти е да си локалец. Освен ако не си Блаже Здравев (35 години) па се одважиш да отидеш во Америка и се зафатиш со недвижнини. Таму ќе склопиш дилови од 12 милиони долари само во првата година а подоцна ќе влезеш во топ 500 агенти. И ќе те викаат Блејз што им звучи многу кул. Браво бе Блаже!   

Лута пиперка е чудо

Кај кого друг, ако не кај фамозната Јована (како тоа не ја знаеш?) извесен Неџо кој е бел маг (обратно од црн маг) објаснува како човек да се спаси од труење, акт кој Јована го нарекува медицински атентат. Постои аутпут метод (да му се пушти крв), но постои и инпут метод после кој на несреќникот  му се трча. Говори Неџо, дојден со стапот со кој поминува на граници. 

Новосаѓани воспитуваат олош

На сајтов имаме објавено десетици и десетици „Граѓански преписки“ во кои комшии меѓусебе на писмено се караат и се подучуваат на манири. Имаме објавено стотици џукели кои паркираат кај стигнат во нашите „Богати и славни“, сосе таблици, за евентуално да ги фати срам. Како што гледате околу себе, слабо фајде од тоа. Можеби е време да се прејде на следната фаза, со малку подиректна педагогија.