Кај Жаре „Еден на еден“ Сузана Спасовска фатила да пее - тажна ли, радосна ли, кој ќе знае - кинеска песна. Некаде на почетокот се чини дека се провлекуваат пар локални трилерчиња, но сè на сè, маестрално изведено. Запазете со колку само чувство го отпеа оној последниот тон. Ќе ве освежи.
Еден од ретките режисери кој можеше да изрежира и телефонски именик, но истовремено со леснотија да ги демистифицира и најголемите митови. Кога едни од најмоќните социјалистички функционери почнаа да му се закануваат да не ја режира пиесата „Ослободување на Скопје“, тој им се извика: „Ќе ја режирам пиесата и ќе ви ги скршиме главите!“
Го прашуваат Лука Дончиќ што би сакал да слушне како музика на пауза на Ол Стар натпревар. - Мора ли американско? - Не, што сакаш, му враќаат. - Не ја знаете.... вика тој. Пред дубоко да се увредите и згрозите, да бидеме реални, Лајбах ли да ги нарача?
Во комедијантски кругови (Стани Цаци да те види сала!) за Македонија се тврди дека е респектабилна членка на НАТО, рамноправен партнер на масата на која најголемата воена алијанса на светот носи важни и далекусежни одлуки. Рака на срце, Македонија се спомнува и во далеку посериозни кругови, само што таму, се спомнува за мајтап со нејзиното „натовство“.
Што е врската помеѓу Александар Македонски, магдонос, целер и сите кои се викаат Петар? Долг е тој пат и завршува секаде каде што има по некој Петар, Петрос, Пјер... но тој пат започнува од овде, од Македонија.