Бреј, каков деген!

Гарантирано најголемиот скот кој поминал низ онаа и онака јадна емисија „Проводаџија“ во која демек спојуваат осамени срца. Ај што веројатно е пијан ама е неверојатно глуп, невоспитан и накратко - кретен! „Ѝ реков на телевизија Хепи да не ми праќа баби,“ ќе каже оваа сподоба пред жената која му дошла на состанок.

Што ако Никола Тесла беше оженет?

Борис Дежуловоќ во својот роман „Christkind“, мозгаше како човек би постапил кога би имал шанса да го убие Адолф Хитлер додека уште е мал (да, ќе направи тој бељи ама па, дете е бре!). Овде се разгледува една друга опција битна за човештвото. Како би изгледало кога генијот од Лика би имал жена? Скеч рамен на Топ листа надреалиста.

Зеленски допрва ќе види колку опасна улога игра

 - Колку е опасна улогата што ја игра вашиот колега Владимир Зеленски? ја прашуваат Светлана Цеца Бојковиќ. - Тој допрва ќе го види тоа, а и ние, оние кои ќе преживеат, вели српската актерка која за актерскиот капитал на украинскиот претседател вели дека е „срам за глумата“. И потсетува како него го опишуваше Ведрана Рудан (спојлер: куросвирец). Нормално, и двете се агентки на Путин.