Ристо, карбураторот да ти се позлати!

Чујте вие каков бисер може да крие една автомеханичарска работилница во Скопје. Благодарејќи на добронамерни пријатели кои имаат стари коли ама очувани сетила за слух, имаме чест да ви претставиме еден боговски глас од под хауба. Ристо Мерцедес, дуќанот му е кај Дрводекор ама затоа гласот му е до небо!

Кратка (и НЕ-курчевита) историја на Македонците

Здраво Трендо,
Па и ние имаме историја, гледав да ја скратам, да не се курчат многу-многу Србите. Или пак да видат дека има и бетер од нив. Не сум нешто многу по пишувањево (напротив, од документации куцање ми е збоктисано!), но ете, инспирација ми дојде од кај вас.

Кратка (и курчевита) историја на Србите

Бог ја создаде Земјата и создаде народи разни, меѓу нив и Србите. И им кажа Бог на Србите: Вам ви даваме една специфична особина, нека биде тоа курчењето, а за да биде поинтересно, нека биде тоа курчење без никаква основа.

Мирослав Крлежа за Македонија

Ним морето им е блиско, и на југ и на исток: го чувствуваат но не се до него. Покрај манастирот Свети Наум растат смокви, бадеми и рузмарин. Кога ќе се разбрануваат житата, Пелагонија личи на отворено море. На многу места во внатрешноста уште постојат гумна од скаменета сол; и тука некогаш имало море, некаде истекло, за навек.

Чујте и почујте како Ајдин ја плете „Јано, мори“

За 12 годишниот Ајдин Османовиќ од малoто босанскo гратче Сребреник кај Тузла допрва ќе слушаме, бидејќи веќе го завикаа новиот Сафет Исовиќ. Сјаен талент и грло кое фамозниот севдах умее да го најде и во една наша, македонска, позната, добра, можеби најдобра. Јано, мори. До него му е учителот, Јасмин Брашњиќ. Чујте го малиот каков мед е тоа.