Исповед на борец од „Краишката гласачка“

Дечково ги ребрачи оние губитници на српските избори кои својот пораз исклучиво го гледаат во гласањето на лица од Република Српска. „Признава“ дека уште пролетта бил мобилизиран во тајните гласачки кампови за обука на гласачи, задолжиле молив и биле обучувани како и за кого да гласаат. Тој се паднал во „16-тата краишка гласачка гарава“ но бара да не се заборави ни „Дринскиот гласачки корпус“ и другите.

Предизборно молзење на исцрпените крави

Јавното претпријатие Исар од Штип распишале оглас за „референт за пресметување плата,“ нешто што се прави еднаш месечно и може да се изведе во Ексел за пет минути. Македонски железници пак, тој бунар без дно во кое се вработени 1.700 лица за 2-3 воза дневно, имаат оглас, јавен повик за изградба на - деловни простории! Да имаат кај да седат оние кои немаат што да работат.

„Види колку сум глуп“

Се зачитавме една тема „Дали сте забележале дека Реддит е анти-Македонија?“. Освен оние блесави коментари „цел интернет е против Македонија“ (аха, нема друга работа) како и оние поразумни кои викаат дека форумите главно и служат да се биде „анти“, издвоивме еден општо корисен кој потсетува дека да се расправаш на интернет со идиоти е како да играш шах со гулаб. Зошто?

Шпрајц знае да врати топка подобро и од Ѓоковиќ

Хрватски пуританци од католичка асоцијација кои талибански се згрозуваат од сè што мажите може да ги возбуди, на РТЛ им стегнале пријава за непримерено однесување; емитувале порно глумица во прилог за сексуална едукација (како се навлекува кондом). Зоран Шпрајц им објаснува дека за секоја лекција се обидуваат да ги имаат најмеродавните стручњаци. А после им ја закуцува поентата.

Постот како замена за штрајк со глад

Опозиционерката Мариника Тепиќ рече дека заедно со нејзиниот изборен соборец Мирослав Алексиќ започнуваат штрајк со глад во знак на протест против изборната кражба на владечката партија на Александар Вучиќ. Ама па на Алексиќ му е Свети Никола и мора да води сметка и за тоа, па рече дека ќе продолжи да пости, само построго.

Махер на колото: Доктор Несторовиќ

Листата на пулмологот  Несторовиќ е најголемото изненадување на српските избори. Стана познат во пандемијата, гостуваше по утрински емисии и подкасти, немаше некоја кампања па сепак, белградската власт сега зависи од него. Неговиот успех лузерите стандардно ќе го препишат на еден од овие два фактора: а) тој е производ на Вучиќ и б) за него гласаа небањатите.