Како раперите донесоа примирје во Југославија

Ова го имаме или пропуштено или заборавено. Ама затоа Чак Ди од Паблик енеми го памти. Дека некоја од војните во Југославија (не му е најјасно кој и што бил во тој хаос, нормално, нему сите - белци-  му се исти) била запрена на еден ден заради нивен концерт. Знае дека откако ја здувале од таму, бил бомбардиран градот Бихаќ. Што нему му звучи јебитачно како Биач!

Српски семејни традиции

The Doors пееја за „Whiskey Bar (Alabama)“, UB40 за Црвено вино, Том Веитс се вадеше дека не пиел тој туку пијаното, Ненси Синатра го опеваше Летното вино а Џастин Тимберлејк го извади непреводливиот наслов „I Can't Drink You Away“ (кој го преведе на македонски, има пијачка во Трендоленд). Српскиот поетски порив оди подлабоко, тој се нурнува во корените на пиењето.