Балканска економија за почетници

Просто а убедливо објаснување како функционира српската економија, при што не сме убедени дека тоа важи само за Србија. Меѓу другото има и едно логично објаснување зошто постојано расте цената на станбениот простор. Парадоксално е што ако запре шемата на една таква економијата која се темели на кредити, субвенции и корупција, дури тогаш рикнува сè.

Кај што нема дим има Вучиќ

После сендвичите со паризер, вртењето палачинки (едно време спасуваше детe од меќава, памтите?), српскиот претседател Александар Вучиќ продолжува со ПР-от дека е човек од народот. Посетил некои тетки во кујна за да им ги проба погачите и да им го мирисне пекмезот. Некои забележаа дека иако печките се на дрва, ниедна од нив нема ќунк. А може работат на литиумски батерии? Јаки чуреви, што би рекол Антонио.

„Ма какав парсли!“ во Македонија

Balkan Dad, дечкото со рецептите, балканизиранот англиски јазик и редовната одбојност кон магдонос (пошто тоа е за зајци) дошол во Македонија. Го пробал стандардното свето тројство (симит, бурек и пастрмалија), редовниот бонус (падобранци во Ригара) и неизбежното тавче гравче. Да видиме.