532

Вака изгледа вртење во МВР за да се добие термин за вадење лични документи. После само 532 вртења, дечкото добил! И пак се буните, бе, шо народ ќе бевте....

Македонија или Србија, што е бетер?

Можно е Србија на Еуросонг да ја прати песната „Гнездо орлово“ на извесна Бресквица (млада, убава девојка), која за кратко време имаше милионски прегледи на јутјуб а попат некој и спот направил, со бомбардирања, војници на УЧК, дури и Пентагон го имаат покажано. Таман да помислиш дека Србиве си го бараат со боринче (макар што спотот не е официјален), ќе видиш што кај нас  - официјално! - оди на МТВ. Ама па радиодифузна такса не плаќате.

Метаморфозис преку ЗНМ пробува да го канселира Миленко

Миленко имал емисија на Јутјуб во која запукал по Вистиномерите (гаден каков што знае да биде со оние кои ги рачуна за душмани) а ЗНМ се најде повикано не само да се стави во одбрана на прозваните колеги, туку и да лупета за организирани хајки, да бара преземање итни мерки, да спомнува затвори... Не ни е нам толку до Миленко (мада му ги сакаме Винтиџите), колку до нашата слобода и лицемерието на овие другиве.