Невидливите светови на Бошко Дрљиќ

Некои луѓе имаат привилегија да ги избираат животните битки кои ќе ги бијат. Не и Бошко, особено откако на пат го има пресретнато џиновската Нирдала, змијата на Апокалипсата. Фасцинантно филмче за еден од оние сè поретки уникатни ликови кои не се произведуваат конфекциски: Бошко Дрљиќ, учител на учителите, скалперист на пердето на заспаното човештво.

Иритабилно од Слупчане

Редно е да се чуе и нивната страна. Само, малку резон да се имаше, не ќе беше лошо. Прво, Албанци плаќале повеќе од Македонци (аха, Австријците од ЕВН се маскирани гемиџии). Па после, сите плаќале струја освен социјалните случаи (оној споменикон свè сами социјалки го платија). Трето, тие не можат да влезат во објектот ама некако знаат дека ЕВН внатре исекол кабли - на две места (!?). Слупчане, ај малку поозбилно.

Татковска лекција за екскурзија: Торнадо

Еве син ми ќе оди на екскурзија, вика таткото и му посакува на синот „само љубов и љубов, тато“. Па ќе му се довери дека тој на негови години ја бацувал Рушица дебелата. И така, доаѓаме до лекцијата со кодно име „торнадо“. Ни се пишти од смех!!!