Говорете ми за монструми, за труло општество

На денешен ден (11 декември) во 2016 година, почина Есма Реџепова, светски познатата ромска кралица на музиката од Македонија. Еве како за тоа во јавноста известуваше омилениот „новинар“ на октроираната власт на чело со Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски итн. што ја преименува и обезличи Македонија.

Комунистите ве лажеа дека е 180

Спојлер: Збирот на аглите во триаголник е 190. Кој мисли поинаку е против ЕУ и НАТО.

Мала етида за големата нужда

Мудри луѓе и народи, и во најмалите ситници ќе најдат доволно материјал за анализа и епифании. За оние кои брзо обавувале работа, некогаш се викало дека се вредни луѓе. Оние денес кои одат таму за да читаат, скролаат и пушат, ќе заборават зошто дошле и дали завршиле работа. Додуша, има тука нешто и во ергономските разлики меѓу чучавецот и шољата. Енивеј, пресмешен е брадоњата.

Загревање за нашите: Избори во Србија

Ќе помислите дека видео спот од жанрот политички маркетинг, со онаков кринџ дечко и онака дадена изборна понуда (ќе видите), мора да е анти-кампања или барем пародија. Ама не, Раде Баста (екс министер за економија и џудист) сериозно мисли дека ова ќе му донесе гласови. Најјако е што партијата му се вика „Движење за Европа“. Пазете на автобуската кога погледнува на саат.

Не се уморија и не се уморија

Србите и Бугарите водат мртва трка кој појаки корени ќе извади на што повеќе познати ликови од сегашноста и минатото. Додуша, и Македонците пробаа, ама им ставија плочки на спомениците. Бугарите да одморат, за Србите се фаќаме сега. Мислевме дека ги знаеме сите нивни домети, од амебите па наваму. Ама, не сме ги знаеле. Имеџин ова...

Усул

Да, сите сме шокирани и огорчени и скршени. Ама, ако може, да не се тркаме кој е попогоден и поужаснат? Мора ли баш секоја мисла што паднала на памет да се бапне на Фејсбук? Веќе не знаеме од кој повеќе ни се лоши, од оние лигавите („Мила Вања, твојот живот не отиде залудно, ти ветуваме дека ова нема да се повтори“) или од оние со крв во очи и пена на уста. Баравме и баравме поинакви, најдовме дури четири. Стишани, со усул.