„Нема логика да биде смак на светот“

Ова е најгенијалниот почеток на една изјава, вредна за мимови, графити и гоблени. Ја дава еден прекрасен лик кој со ококорени очи, искрено, замислено и пред сè насекирано ги одмерува шансите да отиде сè во бестрага и планетата да пукне на два дела. Дечкото се секира за метеор но првенствено за она што го прави Северна Кореја. Видете ја таа искреност, небаре од неговата проценка стварно зависи иднината на човештвото.

Бугари скокаат по крстот

Едно од најбугарските видеа на сите времиња. Бугари скокаат по крстот во базен, при што попот, освен стандардното цимање на кандидатите, првиот пат прејако го фрли крстот и го промаши објектот. Но, да не раскажуваме ние, за да не расипеме. Некој Србин во дванаесет точки одлично ја има сумирано кратката содржина на овој видео клип во форма на синопсис.

Ќе знае ли Пекинг да каже фала?

Го имавме овој мултиталент и порано (барајте го оваа рубрика, лесно ќе го најдете ем ќе откриете што сè сте пропуштиле) но во слава на неговиот барокно раскошен талент, да му ја овенчаме и оваа негова креација. Овојпат фаќа од подалеку, дури од Кина, поточно од „Ч Ч Ч Чајна“. Наместо празни муабети, решава да ја отпее својата гео-стратешка химна, уз Дунавка Трифуновска кореографија.

И на Дедо Мраз му е јасно каде дошол

Сегде вика „Хо, хо, хо“. Кај вика „Ох, ох, ох.“
Фотографија од еден скопски ресторан: