Мала етида за големата нужда

Мудри луѓе и народи, и во најмалите ситници ќе најдат доволно материјал за анализа и епифании. За оние кои брзо обавувале работа, некогаш се викало дека се вредни луѓе. Оние денес кои одат таму за да читаат, скролаат и пушат, ќе заборават зошто дошле и дали завршиле работа. Додуша, има тука нешто и во ергономските разлики меѓу чучавецот и шољата. Енивеј, пресмешен е брадоњата.

Загревање за нашите: Избори во Србија

Ќе помислите дека видео спот од жанрот политички маркетинг, со онаков кринџ дечко и онака дадена изборна понуда (ќе видите), мора да е анти-кампања или барем пародија. Ама не, Раде Баста (екс министер за економија и џудист) сериозно мисли дека ова ќе му донесе гласови. Најјако е што партијата му се вика „Движење за Европа“. Пазете на автобуската кога погледнува на саат.

Не се уморија и не се уморија

Србите и Бугарите водат мртва трка кој појаки корени ќе извади на што повеќе познати ликови од сегашноста и минатото. Додуша, и Македонците пробаа, ама им ставија плочки на спомениците. Бугарите да одморат, за Србите се фаќаме сега. Мислевме дека ги знаеме сите нивни домети, од амебите па наваму. Ама, не сме ги знаеле. Имеџин ова...

Усул

Да, сите сме шокирани и огорчени и скршени. Ама, ако може, да не се тркаме кој е попогоден и поужаснат? Мора ли баш секоја мисла што паднала на памет да се бапне на Фејсбук? Веќе не знаеме од кој повеќе ни се лоши, од оние лигавите („Мила Вања, твојот живот не отиде залудно, ти ветуваме дека ова нема да се повтори“) или од оние со крв во очи и пена на уста. Баравме и баравме поинакви, најдовме дури четири. Стишани, со усул.

Луд, збунет, Бугарин

Го прашуваат која му е омилена бугарска песна па потоа и да ја испеел. Како прво, да те застане некој на улица за да му пееш а тој да те снима, треба да го штипнеш идиотот за обравче и да го прашаш: „Кога те пуштија тебе надвор?“. Второ, збунетиов бира песна од ВМРО, па ја пее Јовано, Јованке па на крај вика тоа е бугарска песна. Значи, а зине, греши.

130 семејни рецепти во „Вкусот на Македонија“

Откако не успеала да најде книга со македонски рецепти каква што барала (на англиски јазик) за подарок, Деспина Кларк решила да го направи она што малкумина би се покренале да го направат - напишала своја книга која се претворила во упатсво како да се јаде како Македонец. Ја има на Амазон и ако Деспина тогаш имала проблем со подарок, вие сега немате. На пример, за новогодишен.