Најголемиот пораз на Македонија

Клиниката Рон во Бад Нојштад, Германија, е сериозен болнички коплекс со капацитет од околу 800 кревети. Во таа клиника работат дури 20 врвни доктори и специјалисти од Македонија. Ние овде ќе се јавуваме по телевизии ако гостува некој доктор за да прашаме за чаре. 

Јасна Котеска: Мојата морална граница во политиката

Ме повикале зашто сакале малку „буст“ за Преспанскиот договор. Договорот го одбив и едвај чекаа да ме снема од салата во хотелот. Од тој ден до денес, никогаш повеќе ниедна инстанца во земјава ме нема повикано на никаков разговор. Дотогаш ме имаше секаде. Од тој ден ме немаше никаде. Ниеден повик за гостување: телевизија, радио, поткаст, колумна, ништо. Одеднаш ме снема од лицето на Македонија. Што за мене е всушност голем успех.

Време е за во шума

На успешниот атлетски тренер Никола Бориќ, пред десетина години му збоктисува цивилизацијата: ги раздава сите пари што ги има, фирмата во Хрватска им ја остава на родителите, онаа во Турција на бизнис- парнерот, ги пресекол кредитните картички и со 500 евра и еден куфер отишол да живее во шума (како јунакот на романот Доплер на Ерленд Лу). Пацери сега ќе речат, од кај бе брат 500 евра?

Пекар, лекар, апотекар....

Вучиќ (како некогаш Груевски кај нас) има обичај да оди по места за да го слушне „гласот на народот“, па ги сослушува, запишува нешто, им вика дека ќе им го реши проблемот, ги задолжува неговите да видат што е работата... Некои враголани му монтирале аудио од оние ТВ тестемониали со иљачи за реума, простата... Мајтапџии веќе го викаат Аца Тарот и прашуваат дали може да помогне за хемероиди.