ХДЗ на солзите не им верува

Саборскиот застапник на Мост, Анте Кујунџиќ, поднесе неколку амандмани на законот за родителска поддршка: и она оние кои посвојуваат дете да им се признае право на еднократен надомест како за новороденче, како и да добијат родителско отсуство без разлика на возраста на детето. Владеачкото мнозинство ги одби амандманите на Кујунџиќ кој е татко на три посвени деца.

Си немал оџата работа, си ја виткал чалмата

Грбот потсетувал на реал-социјалистичките грбови на некои постсоветски републики. Ова не е никаков валиден аргумент. Грбот на НР Кина исто така прикажува класје од жито, па сепак Кина денеска е светски лидер во технологија, супербрзи возови, суперкомпјутери, роботика и вештачка интелигенција. Грбот со класје ниту нив ги направил заостанати, ниту пак нас лавот и круната ќе нè направат понапредни.

Сум го исплашил додека ме крадеше

Извесен Хранислав Димитријевиќ го ранил лоповот додека овој го пљачкал и туку почнуваат проблемите. За Хранислав. Апашот го тужел за обид за убиство и нанесување тешки телесни повреди. Иако веќе има исплатено повеќе илјади евра за отштета, го чека ново рочиште - лоповот сега бара милионска сума за душевна болка и претрпен страв. Кој вика дека балканската правда не води сметка за обичниот човек, т.е. лопов?

Се моли МРТ да намали со чаламот

Печен анасон и лубеница (во мај!) со жолт домат мариниран со босилек; тропски ракчиња (мора ли тропски?) со прелив од ананас и папаја; димена патка и прелив од ореви и цреши; сино сирење од видот Big Woods, паеља од морска храна со школки, ракчиња (тропски?) и арборио ориз со шафран... Ова е само дел од менито кое МРТ го нарачува за свои гости од ЕБУ. Поблиску се до добивање Мишелин ѕвезда отколку до некоја ТВ награда.