Разно

Напушен хаику

Читател составил песна од насловите во Букбокс, Македонштина и Најчитани статии. Еве ја неговата поетска компилација.

Starving Games

Продукцијата "Starving students" во соработка со својата матична куќа "Студентски дом Гоце Делчев" ви претставуваат трејлер за нивниот филм базиран на автентични приказни од една мистична земја во која главна преокупација на напредната младина е храната.

Затоа се пријатели

Иако во оффнет го работиме баш она што сакаме да го работиме, што чисто људски, што општата тиња наоколу, некогаш го тера човек да почне да се јаде со дилеми дали вреди некаков курац сето она што го прави. И онда неочекувано ќе стигне ветар и ќе ти ги наполни едрата.

Струмичани, маскирајте го сајтот

Нејќевме да ги реметивме додека им траеше карневалот бидејќи тоа го прават симпатично, ама сајтот на Струмичкиот Карневал е толку лош што до некое подобро издание, најдобро е да го покријат со чаршаф.

Глупи муабети, indeed

Смеењето и онака е преценета работа а семето на не-хуморот кое своевремено го посеа нашиот драг Стеф (тука и тука и тука), наидува на плодна почва. "Глупи муабети" е парчето на новиот талент Марјан Ангеловски чија главна особина е својот стенд ап да го прави седнат. Се препорачува клипот и да го гледате седнати, не би ли не дошло до немила сцена да се превртите од смеење.

Кога нема звук, се плакнат очи

Објавувавме и странски и пар домашни варијанти на музички видео спотови без глас. Во сите има некаква напнатост, бидејќи нешто природно недостасува во тој спот. Не и овде. Кога ја имате онаа ултра згодна Маријана, на кутар Тајзи нема ни да помислите. 

Свежио во Анти Емисија

Го имавме на сајт пред некое време, човекот кој кога би го виделе на Широк Сокак и би ви предложиле три прекара, веднаш би погодиле дека неговиот е Свежио. Го преземаат битолчани од Анти - Емисија.

И Скопје доби транспортна мапа

Првата дијаграмска мапа на градска превоз (апстрактна, без географски детали а ултра корисна) е создадена за Лондон во 1908-ма година. Кажете драгичка! Само еден век и пар години подоцна, ги стигнавме!

Владо и Каролина во тишина

"Чуму музика?" е слоганот на дечките од  "Сајлент звук" кои се зезаат со она што во последно време е вирален интернет штос: како изгледаат музички спотови без музиката. Ги имаме Владо Јаневски и Каролина Гочева.

Валерија Вистинска

Песната на Драган Каранфиловски Бојс сама по себе веќе е химна во префинети македонски кругови во кои таа со задоволство се пее во чест на љубовта, во спомен на реумата и во знак на човековата победа над ајкулата. Но, Валерија не е девојка од вчера. Таа порано се движела малку побрзо и била нешто поведро облечена од онаква каква што ја знаеме. Реумата и ајкулата си стојат. Епски спојлер: Валерија е од Сараево.

Фоајер

Коцката е од Битола, неколку години живее во Шенжен, Кина. И некогаш му е досадно кога оди на работа или седи во кафуле. А убави жени, дал Господ сегде.

Џокер се одјави

Сабајлево (четврток, 13-ти февруари 2014) душата ја испуштил и телото си го смирил еден од последните олд скул десперадоси на скопската урбана сцена, Ѓорѓи Ѓорѓиевски Џокер. 

Македонија, озгора и отаде

Со сите оние македонштини и булшит детектори, ние цело време зумираме во Македонија и затоа не е чудно што често ни останува неубав вкус во устата. А финтата било да се одзумира. Без детали, без ситници, сосема поинаков вкус. Штета што Македонија е толку поубава колку што пооддалеку ја гледаш.

Паљото како Bear Grylls

Не неколкумина битолчани кои ми фрлија ишарет им пишав дека нема да ги објавам клиповите бидејќи иако бескрајно го сакам Паљото, видеата  му се тиња. Сè додека еден од нив не ми одговори: Баш затоа се прејаки! И стварно, баш затоа! Несудениот битолски градоначалник гледал Дискавери, ја сконтал финтата и еве го на Пелистер, тивко, полека, да не ги разбуди мечките. Акција, возбуда, трилер, напнатост, опасност....не.

Да им отвориме бавча?

Пазете увод на еден текст: "Низ секојдневниот метеж од луѓе и возила во кој секој вработен брза да стаса до работното место, студентот до универзитетот, ученикот до училиштето а невработениот во потрага за парче леб, да ја понуди неговата работна сила на некој од пазарите, никој не обрнува внимание ниту пак наслутува дека за миг може да биде изненаден од тап удар на некое забрзано возило, да стане учесник во сообраќајна незгода или жртва на асфалтот".

Нашиот X Фактор

Ахмед од Кичево, младо дете кое пее две зезнати народни песни. Инструментот го има во грлото и одлично го контролира, со вистинско насочување, би можел чуда да направи. Ама, неоти ќе биде така....

Илина на ТЕД

"Од јазикот кон светогледот и назад" е темата на една од најдобрите презентации што ги видела публиката на домашните изданија на ТЕДx. Умно, свежо, забавно, полно со сочни детали и луцидни објаснувања. Така се прави тоа. Илина Јакимовска, уредничка на Букбокс, наш човек.