Срам и арам

„На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот". При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски". Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам!“, напиша директорот на СЦ Борис Трајковски, Даниел Апостолоски.

Благодарност до МВР и ПС Карпош за брзата реакција и растерување на овие несовесни граѓани, по пријавата од мене како директор на СЦ „Борис Трајковски", напиша Апостолоски.

16 март 2025 - 22:29