Џони Штулиќ: Секој да знае што прави, за што живее и за што се бори

„Што да прави јадниот народ?“ му поставуваат на Џони едно од оние евергрин прашања за јадниот народ. „Што бре јаден народ - вика тој- секој има своја глава, нека мисли, нека се организира. Кој ќе му ги решава проблемите, Господ?” - Ама ќе му залепат етикета... - Па што! - не попушта Џони, лут, прецизен, срча. „Најважно е човек сам со себе да е слободен“, порачува најголемиот бунџија некогаш роден во Скопје.

18 март 2025 - 14:19