
Остатоците од објектите на минатото во битолската касарна, чекор по чекор се претвораат во функционални објекти. Онаму каде што законот дозволува, изградени се станбени и деловни комплекси. Но за жал, се уште има објекти во општинска сопственост, кои се руинирани, а дел од нив, за среќа, се реконструираат.
На еден таков објект во моментов се изведува реконструкција и адаптација со деловна намена. Целите се повеќекратни – објект кој наместо руина ќе биде деловен простор, околината нема да биде запуштена, а граѓаните ќе можат да ги користат предвидените
деловни услуги.
За да се обнови еден руиниран објект, потребни се многу документи. Постоечкиот објект во Касарната, има Решение за реконструкција и адаптација на постоечки објекти, со деловна намена од втора категорија, издадено од општина Битола.
До издавањето на овој документ, корисникот ги обезбедил следните документи и докази:
- Извод од ДУП
- Основен проект: Архитектонски, Градежно-конструктивен проект, Водовод и канализација, Електротехнички, Термотехнички и Елаборат за ППЗ.
- Извештај од ревизија
- Образец од Завод за статистика на РСМ
- Мислење од ИЗИКП – Скопје, за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата
- Доказ за право на градење издадено од АКН Скопје
- Договор за давање на објект во закуп
- Геодетски елаборат за посебни намени за нумерички податоци
Дополнително, прибавени се и согласни и мислења согласно чл.59-в од Законот за градење:
- Записник за исполнување на хидротехнички услови кон водоводната мрежа
- Мислење за приклучок кон електродистрибутивната мрежа
- Записник за исполнување на услови кон канализационата мрежа
- Согласност за застапеност на мерките кон Елаборатот за заштита од пожари и опасни материи (ППЗ) од Дирекција за заштита и спасување – Скопје.
Оваа документација, според законските одредби, е потребна и обезбедена за соодветната реконструкција. Особено, кога зборуваме за статиката, тука најважно е мислењето на ИЗИКП – Скопје, за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата.
Кога постојат градежни активности на некој објект, секако не треба граѓаните да поминуваат под него, сеедно дали се тоа столбови, настрешници, ѕидови итн. Затоа и се поставува околната заштита. А колку е стабилна настрешницата, фасадата, столбовите,
тоа го знаат стручните лица, кои ја издале документацијата и надзорот на изведбите на терен.
Имаме разбирање за граѓаните, особено во овие времиња кои оправдано будат сомнежи кон сѐ и кон секого. Како општина, работиме по стандарди, со видлива транспарентност и со единствена цел, да не создаваме недоверба и да нема потреба нашите граѓани да се плашат за својата безбедност.
И затоа, сакајќи граѓаните да бидат заштитени, во Битола, од страна на општината, се бара секој потребен документ, за било каков градежен зафат.
Битола има статика!
Општина Битола
contact@bitola.gov.mk