Медиуми

Најдолгите минути во историјата на најавите

Легендата вели дека севернокорејскиот врховен лидер збеснал и поцрвенел од љубомора кога видел како Зоран Иванов го најавува Џабир Дерала. „Сакам и јас вака!“ им се дерел Ким Јонг Ун на своите поданици во палатата, нервозно кршејќи 'чаше од кристала' и нуклеарни капачиња. Ќе се уверите и сами, буцкото со право бил љубоморен.

Дрогата ме смее рано насабајле

Не е финта само да земеш дрога. Финта е да земеш дрога уште рано посабајле и ако си во некоја убава балканска земја како Србија, да отидеш во утринска програма на телевизија и да ја споделиш техниката. Што би рекле самите Срби, благо оном ко рано полуди, њему живот у весељу проѓе.