Медиуми

Дрогата ме смее рано насабајле

Не е финта само да земеш дрога. Финта е да земеш дрога уште рано посабајле и ако си во некоја убава балканска земја како Србија, да отидеш во утринска програма на телевизија и да ја споделиш техниката. Што би рекле самите Срби, благо оном ко рано полуди, њему живот у весељу проѓе.

Дебатата за која зборува Србија

Саво Манојловиќ од српската граѓанска иницијатива Крени-промени собра 200.000 потписи на Пинк ТВ да не им се продолжува лиценцата заради треш програм. За контра, Жељко Митровиќ од Пинк собра 2 милиона гласа како поддршка на реалното шоу Задруга. Двајцата се сретнаа на дуел и покажаа (главно бахатиот Митровиќ) колку сè е станато - Задруга.

Драматизација на една штипска драма

Мајка и син имале неочекуван и за нив пријатна средба со куче скитник додека биле на гробишта. Се пожалиле на локалната телевизија која пак се погрижила брзо да организира кастинг за спомнатите актери во драмата, па нашле вучјак да го глуми „шарпланинецот“. Другите актери се чинат реални.