MVR-Goldwyn-Mayer presents:

Slumdog Police

Началството на МВР решило да ни понуди 5 и нешто минутен промотивен материјал во кој ќе открие што сè направиле изминатово време. Спојлер алерт: Примале донации. Ако ви кажеме дека рекламите на Зона ФМ, Шутел, БТР имаат подобра продукција од ова, нема да ни верувате. Од гласот на нараторoт кој звучи како за рецепт за Васина торта, до суптилни нијансирања на текстот, од типот „Набавени 30 видео камери....набавени 4 видео камери“. Језиво реално.

******

Амандман од читател:

А мене па нарацијата инстантно ме потсети на Порнољуб. Случајност?
Иван

 

8 јуни 2018 - 14:51