Невеста се од излог делеше

Ако по некоја апокалипса видеово остане како изолиран сведок на нашата цивилизација, луѓето (или кој и да е) што тогаш ќе го најдат ќе имаат погрешна претстава дека нам во ова време ни било јасно што се случува во него. Можеме да им помогнеме само со инфо дека видеово е од 2014. и се случува во Тетово.

Добивме објаснување од читател:

"Ова е стар македонски обичај според кој невестинскиот фустан го купува момчето и неколку дена пред свадбата го носи кај невестата заедно со своите најблиски и се разбира предводени од чалгија. Обично деверот го носи и тој се обидува да им го продаде на сватовите за некоја симболична сума на пари. Пред 26 години јас бев девер и фустанот го носевме во Скопје кај невестата, а инаку момчето беше од Велес."

23 август 2014 - 17:20